Лазов: Комисијата за заразни болести работи под диригентска палка на Заев, затоа потребно е консолидирање на системот
Четврти месец од корона вирусот и наместо да бележиме пад на заболни, и да говориме за опоравување од корона кризата на сите полиња, како што е тоа во соседните земји, Македонија се’ уште брои двоцифрени бројки на новозаболени, a брои и починати лица.
Македонија е земја во која веќе има втор пик, а не како што беа проценките дека тоа ќе се случи евентуално есента.
Од крајот на февруари кога беше регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија до денес, едно е јасно - надлежните институции целосно потфрлија. Состојбата јасно укажува дека надлежните не се водат од професионалните стандарди, туку од барањата на Заев и Филипче.
Комисијата за заразни болести работи под диригентската палка на Заев, а не на професијата.
Се гледа резултот од политичкиот диктат - голем број на новозаразени во едно деноноќие, како што и во секое денононоќие има и починати лица.
Бројката на новозаразени јасно кажува дека е неопходно итно консолидирање на системот.
Бројката на нозаразени говори дека станува збор за втор бран. Филипче и Заев заборавија на граѓаните и нивното здравје. Ама Филипче и Заев се погрижија да постават послушници во Комисијата за заразни болести, лица кои се подготвени да ја стават професијата на страна и да се стават во служба на политиката.
Потребно е веднаш да искористи потенцијалот на професионалците и да се формира ново тело од експерти на кои приоритет им е здравјето на граѓаните.
Потребно е да се консолидира системот. Нема време и простор за политика. Потребна е акција за заштита на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o