Над 5000 лица вработени со мерките на аврм
Над 5000 лица се вработиле со мерките на АВРМ годинава. Од нив 2000 се вработени со помош на разните видови обуки како што се обуките за странски јазици, напредни и основни компјутерски вештини а околу 3000 со помош на услугите како што се посредување при вработување, мотивациските обуки како и професионална едукација. Една од обуките кои се во тек е обуката за напредни ИТ вештини, со која 270 невработени лица ќе добијат меѓународно признат сертификат.
- По завршувањето на шестмесечните обуки во СЕМОС центарот околу 270 невработени лица ќе добијат меѓународно признат сертификат за завршени обуки за напредни ИТ вештини за програмирање за Док-нет, Кад и за Јава, рече Спасов.
Директорот на АВРМ информираше дека за две недели ќе биде пуштен уште еден оглас за невработените за напредни ИТ вештини.
- Заинтересираните ќе можат да аплицираат во Агенцијата, со тоа што огласот ќе трае 10 работни дена и на крајот ќе има тестирање за оној кој е најдобар да биде обучен за Јава или Док-нет, рече Поповски.
Од СЕМОС кај што се спроведуваат обуките велат дека со оваа мерка значително се зголемил бројот на луѓе кои работат во ИТ индустријата. Според истражување спроведено од Швајцарската амбасада околу 16 000 лица од земјава работат во овој сектор.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
