Грција ги очекува денешните предлози од ЕК за туризмот, па потоа ќе го претстави својот план

Грчката Влада ќе очекува денешните предлози, одлуки и упатства од Европската комисија за потоа да го финализира и да го соопшти својот комплетен план за туризмот, објаснија државниот министер Јоргос Герапетритис и портпаролот на владата Стелиос Пецас, во синоќешните, одделни интервјуа за две грчки телевизии.
Пецас говорејќи за ТВ „Антена“ рече дека набргу ќе го презентираат нивниот план, но не сакаат тоа да биде пред да го имаат конечниот предлог на ЕК за транспортот на патници, додека пак Герапетритис, во интервјуто за телевизијата „Стар“ рече дека денешниот ден е клучен, но тие се подготвени да постават „целосно функционален систем за прием на странските туристи, доколку епидемиолошките податоци продолжат да бидат охрабрувачки до крајот на јуни“, јави дописничката на МИА од Атина.
Државниот министер на Грција истакна дека ако сѐ биде во ред, ќе бидат во позиција од 1 јули безбедно да примат странски туристи и објасни дека во нацрт планот на Европската комисија ќе има општи упатства во врска со копнениот, воздушниот и водениот транспорт, како и општи упатства за хотелските објекти, здравственото управување и сл.
За грчкиот план, рече дека тие се фокусираат на три нивоа.
Националното ниво,односно зајакнување на здравствените структури на сите туристички дестинации.
-На второто ниво, на ниво на Европската унија, ќе притиснеме колку е можно за одлуките што ќе се донесат да не бидат штетни за националните интереси, да го охрабруваат туризмот и да создаваат таков вид на здравствени протоколи, за нашите граѓани да чувствуваат безбедност и за да не се разниша здравствената ситуација на нашите дестинации, рече Герапетритис.
Третото ниво се меѓудржавните договори со други земји на кои работи грчката Влада.
Во однос на процедурите за влез на туристи, Герапетритис спомена дека ќе биде потребно пред поаѓањето да се направи тест, а категорично рече дека „не постои веројатност за карантин за странските посетителите кои доаѓаат во Грција“.
-Нашиот став е дека ќе треба, пред поаѓањето да се направи тест или молекуларен или за антитела, за да постои безбедност во врска со нивното здравје. Веројатно е да постои и мерење на температурата на аеродромот при пристигнувањето. А потоа ќе се движат слободно во Грција. Секако, јасно е дека ние ќе ги преземеме сите потребни мерки за дури и да се појави случај да имаме многу брзи реакции и да не постои било какво ширење. Секако, очигледно е дека ако постои прашањето, по враќањето, посетителите да бидат во карантин, ова е причина што е целосно спречувачка. Тоа е нешто што ние нема да го прифатиме, ниту да го поддржиме и затоа за ова ќе има ќе имаме цврст став и на национално ниво и на ниво на ЕУ, рече Герапетритис.
Ново на Сител
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
