Македонија
7. May 2020 - 16:08

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања

Примената на имунолошкиот пасош за да може граѓаните да патуваат засега е само на ниво на расмислување во повеќе земји, па и кај нас. Министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање денеска рече дека прашањето околу имунолошкиот пасош е многу актуелно, но оти неговото воведување има многу отворени прашања.

– Ние дисктуравме во рамки на Комисијата и засега согласно овие препораки некаква голема вредност во однос на сигурноста нема, но сме отворени за опцијата за наши граѓани кои би патувале, но и за странци кои би дошле, но доколку станува збор за некој пристап на повеќе земји, во смисла на регионален пристап или во земји од ЕУ. Така што за тоа прашање нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, но засега немаме став, истакна министерот.

Тој додаде дека дилемите околу имунолошкиот пасош се однесуваат на тоа кој е протоколот што ќе се признае за валиден, колку денови ќе се важи тестот, колку ќе се комплицира тој процес ако станува збор за кратокрајни патувања и каква е гаранцијате дека од тестот до влегувањето некој не се заразил, рече министерот.