Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека нема шанси да се вработите во јавниот сектор без партиска книшка

Речиси и нема шанси да се вработите во јавниот сектор без да имате партиска книшка. Ваков став имаат најголемиот дел од граѓаните во последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 41,5% од анкетираните сметаат дека никогаш нема да може да се вработат во јавниот сектор без партиска книшка, а 21,8% сметаат дека тоа е малку веројатно. Мали шанси понекогаш тоа да се случи гледаат 15,2% од анкетираните додека само 7,2% сметаат дека воопшто не е потребна партиска книшка за работа во државна служба.
Помалку од една четвртина или 22,3% сметаат дека вработените во јавниот сектор професионално ги завршуваат своите обврски додека над половина од анкетираните или 55,1% се на ставот дека вработените се ангажирани главно за спроведување на партиските интереси.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје преку телефонска анкета во периодот од 10 до 13 февруари оваа година врз репрезентативен примерок од 1104 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Ново на Сител
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекореден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

Одбиено барањето за изземање на судијка поротничка, предметот за 13 полицајци од Кочани оди на главна расправа
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
