Фудбал
13. April 2020 - 10:54

Останатите натпревари од Премиер лигата може да се доиграат за пет недели

Фудбалското првенство на Англија може да заврши за рекордни пет недели, пренесува „Дејли телеграф“.

Според британскиот медиум, раководството на клубовите се надева дека екипите ќе можат да играат на своите домашни стадиони, а не на неутрални терени, дури и ако сите натпревари се одржат без гледачи.

Премиер лигата како и најголемиот број првенства ширум светот се прекинати поради пандемијата на коронавирус.