НАТО го зајакнува капацитетот на Македонија за справување со коронавирусот
НАТО командниот систем за управување со кризи – НИЦС, кој нашата земја целосно го имплементира во 2019 година, овозможува брзо и ефикасно координирање на активностите на сите институции во рамки на националниот одговор на кризата со Ковид-19.
Сајтот достапен за јавноста: http://nicspublic.cuk.gov.mk овозможува обезбедување на информации и совети за јавноста во реално време.
Следната генерација на системот за управување со инциденти – НИЦС Северна Македонија, како што информира НАТО алијансата на својата веб-страница, целосно го имплементира во 2019 година.
– Експертите од Центарот за управување со кризи во Северна Македонија брзо го прилагодија системот за подобрување на реакцијата на земјата на коронавирусот. НИЦС и овозможува на јавноста пристап до информации во реално време за моменталната состојба со пандемијата во нивната средина, како и со информации за кого да контактираат во случај на потреба на храна и лекови, се вели во соопштението од НАТО.
Системот, исто така, овозможува на сите институции од нашата земја, како и на организации како што се Црвениот крст, што подобро и поефикасно меѓусебно да комуницираат и ги координираат своите активности.
– Северна Македонија ќе стане формално 30-та земја членка на НАТО подоцна во текто на денот (27 март 2020), по депонирање на инстументот за пристапување Северноатлантскиот договор во американскиот Стејт департментот во Вашингтон, стои во соопштението објавено на веб страницата на НАТО.
НИЦС системот е дел од НАТО проектот Наука за мир и безбедност – „Напреден регионален пилот за цивилна координација во вонредени состојби“ што претставуав соработка меѓу Линколн лабораторијата при Институтот за технологија во Масачусетс, Дирекцијата за наука и технологија на Министерството за внатрешна безбедност на САД и Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје