Крвава тепачка во Гостивар - Со нож повредени двајца
Три лица од Гостивар се повредени синоќа во тепачка во која е употребен нож. Двајца завршиле на скопските клиники со расеченици, а еден е полесно повреден.
Според СВР Тетово, околу 21 часот на улицата „Ленинградска“ дошло до физичка пресметка на повеќе помлади лица. На тепачката и претходела куса расправија меѓу гостиварците М.Б. (23) и Ф.Ф. (30) од една страна и Л.Ј. (21) од друга. Дваесет и едногодишник со нож, кој наводно го извадил Ф.Ф., им нанел расеченици на другите двајца, на едниот во вратот, а на другиот во десната надлактица. Во неутврдени околности уште едно лице е полесно повредено, веројатно со скршено шише.
Повредените биле згрижени во гостиварската болница, по што се препратени на скопските клиники и се надвор од животна опасност.
Осомничениот за ранувањето на двајцата гостиварци е приведен и по расветлување на поединостите ќе се соочи со соодветна пријава, а во текот на денот ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o