Тачи го потпиша указот за вонредна состојба во Косово
Претседателот на Косово Хашим Тачи објави дека го потпишал указот за воведување вонредна состојба во земјата, поради ситуацијата со ширењето на епидемијата на смртоносниот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тачи преку својата страница на Твитер утрово информира дека указот го потпишал согласно неговите уставни надлежности.
– Врз основа на моите уставни надлежности како претседател, по синоќешниот состанок со Советот за безбедност на Косово, потпишав указ за прогласување вонредна состојба во земјата поради ситуацијата предизвикана од вирусот Ковид-19, напиша Тачи.
Предлогот за вонредна состојба Тачи го изнесе синоќа, на прес конференција по седницата на Советот за безбедност, меѓутоа тој веднаш беше отфрлен од Владата на Албин Курти
Триесетина минути по обраќањето на Тачи, прес конференција одржа вицепремиерот Хаки Абази, кој рече дека Владата смета оти се работи за „екстремна и непотребна“ мерка која може да ѝ нанесе штети на државата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период