Воените тајни на Бундесверот продадени на аукција на интернет
Германски истражувачи за безбедност на аукција на интернет за само 90 евра купиле лап-топ користен од Бундесверот, а на кој се наоѓале сите тајни документи за ракетниот систем што го користи германската војска.
Експертите за безбедност од компанијата „Џи Дата“ од Бохум, купиле половен лап-топ на Бундесвер на интернет платформата за аукција на Ибеј.
Во компјутерот имало многу документи, вклучувајќи ги и упатствата за тоа како да се уништи системот за воздушна одбрана „Лефлејсис озелот“, пренесува Дојче Веле.
Тоа е движечки ракетен систем за воздушна одбрана, што првпат инсталиран во 2001 година и се користи и денес.
Системот земја-воздух се користи за брзо реагирање на воздушни закани, за заштита на командните центри и војската во движење.
Податоците на компјутерот се означени со „Само за службена употреба“ што значи дека станува збор за најниско ниво на тајни.
Брегхов додаде дека уредот најверојатно е направен на почетокот на 2000-та и дека уште работи добро.
– Компјутерот што го купивме соддржи и обемни техничи информации за системот Лефлејсис, вклучувајќи и детални упатства за неговата работа и одржување. Има и информации за тоа како се користи системот за спуштање, како и самата платформа за оружје. И секако има упатство за тоа како да се уништи целиот систем за да не го користат непријателските сили, истакна Брегхоф.
Брегхоф и Александра Штер, програмерка во тимот Џи Дата, направиле детална копија од компјутерот односно хард диск.
– Имаше лесно достапни информации. За пријавување на Виндоус не беше потребна лозинка. Пријавата на програмата што содржи документација на системот за оружје е заштитена со лозинка што лесно може да се погоди. По малите препреки можете слободно да ја прегледате документацијата, додава Брегхов.
Лаптопот го продала фирма за рециклирање од Бинген.
За неделникот Шпигел, кој прв го пријави случајот, германското Министерство за одбрана соопшти дека компанијата за рециклирање е одговорна за уништување на податоците.
-Сите стари компјутери што се користеа за „LeFlaSys“ беа испратени за рециклирање со наредба зачуваните податоци на дисковите да бидат уништени или да бидат неупотребливи, изјави портпаролката на Министерството за одбрана за Шпигел.
Портпаролката додаде дека се претпоставува дека настанала грешка при рециклирање на компјутерот.
Дојче Веле потсетува дека ова не е ваквов прв случај
Во 2019 година, шумар од Горна Баварија пронашол тајни упатства за ракетната артилерија од типот МАРС, кога на аукција федералните власти купиле четири лаптопи.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице