Нови 14 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 45
Билансот на заразени од новиот коронавирус во Грција достигна 45 лица, откако денеска беа официјално потврдени и соопштени 14 нови случаи, а едно од лицата е хоспитализирано во сериозна здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што објасни претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас, на денешниот брифинг со новинарите, станува збор за 11 лица кои биле дел од поклоничкото патување во Израел и Египет, а од конкретната група веќе се потврдени 23 позитивни случаи, додека пак останатите три случаи се од контактите на заразените.
Од потврдените 45 случаи на Ковид-19 во Грција, 34 лица се дел од група од 54 патници што заминала за Израел и Египет на поклоничко патување во Светата земја и планината Синај, а на 27 февруари 2020 се вратиле во Грција.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ