Спасовски – Соботка: Јасна поддршка од Австрија за европските перспективи
Премиерот Оливер Спасовски се сретна со делегација на Националниот совет на Република Австрија, предводена од претседателот на Советот, Волфганг Соботка. На средбата, како што информира владината прес-служба, е соопштено дека продолжува јасната поддршка од Република Австрија за европерспективите на нашата држава и за отворањето на преговорите со ЕУ.
-Изразени се честитки за патот што го изоде Република Македонија во реформскиот процес и во добрососедските односи. Констатирано е дека Договорот од Преспа е пример за решавањето чувствителни билатерални прашања и во целиот регион. Посебно е посочен како важен чекор за напредокот, донесениот Закон за јавно обвинителство, се вели во соопштението од Владата.
Премиерот Спасовски се заблагодари за пријателската, искрена и континуирана поддршка што ја добива нашата држава од Република Австрија.
-Денешната средба се случува во важен период, кога очекуваме нашата држава да стане полноправна членка на НАТО, а по донесените важни, храбри и визионерски одлуки, со право очекуваме и одлука за почеток на преговорите со Европската унија. Продолжуваме да даваме позитивни аргументи и остануваме посветени на реформските процеси и на сите аспекти што се очекуваат од Република Македонија, во однос на преговарачкиот процес, истакнал премиерот Спасовски.
На средбата се разговарало за можностите за поефикасна економска соработка, како и за можен придонес од пријателите од Австрија во делот на што поквалитетни законски решенија. Оценето било дека економската соработка е на добро ниво и дека има можности за натамошен развој.
Разговарано е и за миграциската состојба, при што е потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете држави. Премиерот Спасовски соопштил дека нашата земја е подготвена, преку заеднички европски политики, како и досега, да има усогласен настап во врска со решенијата по ова прашање.
Ново на Сител
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата
-
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк
-
Хулкенберг ја критикуваше Ф1: Емоциите на трките се природни
-
Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат