Заев ќе ја бара довербата во 4-та изборна единица, Мицксоки најавува лица со кредибилтет на листите
Лидерот на СДСМ ќе ја предводи 4 изборна единца. Заев потврди дека на 12 април ќе ја бара довербата на граѓаните на домашен терен, додека во меѓувреме партиските органи ќе ги договараат останатите носители на листи и кандидати за идни пратеници заедно со коалицискиот партнер БЕСА. Според досега договореното, преводник на 6 изборна едница ќе биде лидерот на БЕСА Билал Касами.
Партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ пак на состаноци идната недела ќе ги договараат пратеничките листи. Лидерот Мицкоски засега не откива дали ќе предводи некоја изборна едница, вели дека пред граѓаните ќе излезат со партиски членови со интегритет и доверба помеѓу граѓаните.
12 март е последниот рок во кој партиите треба да ги поднесат до Државната изборна единица. Неколку дена подоцна ДИК ќе го одреди и редоследот на гласачкото ливче.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар