Македонија
5. December 2015 - 17:16

Почна продолжувањето на булеварот "Христијан Тодоровски"

Почна изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во општина Бутел. За реализација на  овој капитален проект Градот Скопје издвојува 2,6 милиони евра. Булеварот ќе биде во должина од  1 километар и треба да биде готов за една година. Премиерот Груевски кој присуствуваше на настанот потенцираше дека станува збор за уште едно модерно сообраќајно решение со кое ќе се намалат километарските колони и безбедноста во овој регион.

Градоначалникот на Бутел информираше дека ова е втор булевар во општината, а градоначалникот на Град Скопје истакна дека со изградбата, градот ќе добие уште една модерна сообраќајница која ќе наликува на европските булевари.

Меѓудругото на булаварот ќе биде поставено ново улично осветлување како и нова хоризонтална и вертикална сигнализација.