-->
-->
Братучетката на Пино Секондо: Ангела му беше девојка за задоволување на сексуалните потреби
-->

Братот на осомничениот за убиството на Пино Секондо денеска сведочеше во Кривичниот суд. Тој рече дека не ја познава второосомничената Ангела Ѓорѓиевска и дека не знаел ништо за убиството, сè додека полицијата не дошла во нивната куќа.
„Сè што знам за убиството е од медиумите и од емисијата Код”, рече Бурхан Али.
Братучетката на Пино, исто така сведочеше денеска. Таа раскажа за тоа како и кога ја запознала Ангела Ѓорѓиевска која е второосомничена за неговото убиство.
„Ангела му беше девојка за задоволување на сексуалните потреби”, сведочеше братучетката на Пино, Марија Трпковска.
Тој тоа самиот и го имал кажано, а Марија не ја прифаќала Ангела бидејќи според неа таа не ѝ прилегала на нивната фамилија, односно не се дотерувала и не била средена.
Еден ден пред да исчезне, на братучетка му ѝ рекол “аман веќе од оваа”, мислејќи на Ангела која упорно му пишувала и барала да се видат.
Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за в вторник.
Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
