Филипче уверува дека ќе се изнајде решение за матичен гинеколог во Шуто Оризари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека ќе се реши проблемот и оти наскоро жените во Општина Шуто Оризари ќе добијат матичен гинеколог.
На новинарско прашање за заминувањето на гинекологот од Општина Шуто Оризари, Филипче изјави дека претпоставува оти тоа е одлука на гинекологот.
– Претпоставувам дека тоа е одлука на гинекологот. Најави пред една недела дека сака да отвори ординација на друго место. Разговараме интензивно со неколку институции дали може да обезбедиме гинеколог по системот на ротација. Доколку не може ќе обезбедиме средства за дополнителна стимулација преку програма во Министерството за здравство за таму да има еден гинеколог, изјави Филипче пред почетокот на 11. трибина за ракот на грлото на матка.
Појасни дека има голем број специјализанти кои се при крај на специјализација и најави дека ќе разговараат и со нив во следните денови.
-Верувам дека ќе најдеме решение. Овој систем на ротација кој го дозволивме со измена на законот е нешто што многу олеснува за лекарите да можат да одат во места каде недостасуваат лекари од такви специјалности. Тоа веќе почна да се спроведува во некои градови во Источна Македонија меѓу здравствените домови и болниците. На пример во Радовиш, Валандово, Струмичката болница, невролози и останати интернисти, специјалисти. Верувам дека ќе се изнајде решение. Мислам дека ова нема да биде прашање кое нема да може да се изменаџира и жените таму ќе добијат матичен гинеколог, потенцира Филипче.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
