Семејна трагедија во Прилеп, со огнено оружје ги убил сопругата и нејзината мајка, а го ранил братот на сопругата
Прилепчанец со огнено оружје ги убил сопругата и нејзината мајка, а го ранил и братот на сопругата. Во обид да биде совладан и тој бил повреден.
Јавен обвинител во координација со екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, извршил увид во куќа на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, каде утринава во 8 часот биле пронајдени две безживотни тела.
Од Јавното обвинителство информираат дека безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите.
Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.
Во насока на расчистување на кривично правниот настан, по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.
Јавниот обвинител издал и наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на Обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина