Втора редовна седница на Владата
Владата на Република Македонија денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000,00 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија, која да се смета за донесена на оваа седница на Владата.
Во функција на редовното работење, согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница беа разгледани и усвоени програми за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.
Владата денеска ја усвои Предлог – програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за тековната година.
На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа.
Согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, се усвоени Националната годишна програма за јавно здравје во Република Македонија за 2020 година, Програмата “Здравје за сите” за тековната година, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и Програмата за трансплантација во Република Македонија за 2020 година.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава