Бизнис
2. December 2015 - 20:10

Државата внимателно ќе го следи откупот на тутунот, предвидени над 22 милиони евра субвенции за тутунарите

Откупот на тутун се очекува да започне деновиве. Премиерот Груевски апелира откупувачите реално да го вреднуваат, согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизвдоителите. Инспекциските контроли ќе бидат на терен  и будно ќе ги следат откупувачите

- Ние будно ќе го следиме откупот на тутрунот- Апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за тутунопроизводителите. Минатата година имавме околу 25 милиони евра субвенции за 29 илјади тутунари, така што очекуваме и оваа година работите да одат во таа насока, рече премиерот.

За минатата година исплатени се субвенции во вкупна вредност од 25 милиони евра. Државна помош добија 29 илјади земјоделци. Според премиерот,за оваа година се очекува  субвенциите да достигна од д 22 до 23 милиони евра и откупиот да биде успешен.