Државниот секретар во Министерството за здравство ја посети болницата во изградба во Кичево

Државниот секретар во Министерството за здравство Насуф Ипчја, заедно со директорот на кичевската болница Лупчо Ристески изврши увид во градежните работи за изградба на новата болница во Кичево.
Ипчја по обиколката изјави дека имал можност да се увери дека интензитетот на работите во изградбата на оваа болница оди според планираното. Тој изрази надеж дека објектот целосно ќе биде функсионален во 2017 година како што е и предвидено.
- Ние не стоиме со скршени раце бидејќи паралено со објектот подготвуваме и стручен кадар што зборува и фактот дека во моментот од Кичево на специјализација има 15 лекари, рече Ипчја, јави дописникот на МИА.
Според директорот на кичевската болница Ристески, добро е што некој после 20 години се сети дека овој објект треба да се гради. Токму ова гарнитура на власт, нагласи тој, се сети дека овој објект им и е потребен и ќе им служи не само на жителите на Кичево и околината, туку и на општините Македонски Брод и Пласница.
Вредноста на овој објект до неговото пуштање во употреба, според првичните проценки, се очекува да биде околу 6 милиони евра.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
