ВМРО-ДПМНЕ: Непотизмот симбол на власта во заминување

Скандалозните податоци за бранот на непотизам, заразата од партиски вработувања во предизборието се фрапантни.
Единствен критериум за вработување во Македонија, не е квалитетот или стекнатото знаење, единствен критериум за работа е да бидеш во семејна врска со кланот на власт! Непотизмот е симболот на оваа власт во заминување. Владините министри донесоа зараза од нов непотизам во Република Македонија.
Почитувани, низа скандалозни семејни вработувања на раководни позиции се поделени во Штип. Љупчо Трајковски е началник на СВР Штип. Неговата сопруга, Снежана Трајковска е директорка на здравствениот дом во Штип. Брачниот пар Трајковски во Штип се познати како брат и снаа на Трајковски, човекот кого во Штип го сметаат за одговорен за пропаста на гигантот Македонка-Штип со над 6.000 вработени.
Тони Атанасов е командир на противпожарната единица во Штип, а неговата сопруга Софка Атанасова е директорка на детска градинка во Штип.
Јане Миланов е претседател на општина Штип, а неговата сопруга Љубица Миланова е поставена за главна сестра во штипската болница. Внуката, пак, на претседателот на општината, Милкица Санева е шеф на кабинетот на градоначалникот Благој Бочварски!
Почитувани, кога власта и министрите шират зараза од непотизам низ ЕЛЕМ, МЕПСО, МНАВ, и другите институции каде што платите се неколкукратно поголеми од просечната, локалните функционери ги фаќа вирусот на полнење на администрацијата со роднини. Ниту мерит систем, ниту квалификации, ниту образованието е на цена, се цени само врската со функционерите на СДСМ!
Функционерите од власта ги напикаа децата и роднините во државни јасли, а квалитетните луѓе не добиваат шанса, го препознаваат непотизмот и се иселуваат од Македонија.
Почитувани, за 3 дена и 10 часа Зоран Заев заминува; на 12 април ќе замине сета оваа непотистичка мрежа. Обновата ќе почне и со неа одговорност во Македонија – мора да има!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
