-->
-->
Митрески: Законот за обвинителство е поврзан со добивање на датум за преговори
-->

Законот за обвинителство е поврзан со добивање на датум за преговори. Како владејачко мнозинство не сакаме да оставиме запирки или можни причини за непочнување на преговорите во некое скоро време, вели координаторот на СДСМ Јован Митрески по најавите на Министерството за правда за нов Закон за обвинителство.
- Ние сме должни да ги спроведиме реформите на правосудството и да носиме законски решенија кои ќе овозможат да се окончат судските постапки кои се почнати. Законот се уште не е доставен во Парламентот и не можам да го коментирам текстот, но откако ќе стаса ќе бидат консултирани сите партии. Тој закон се носи со 80 гласа и се надевам дека ќе обезбедиме 2/3 мнозинство за да го одблокираме овој процес - вели Митрески.
Бидејќи се работи за владин предлог, тој смета дека е обезбедена и поддршката од ДУИ иако во последно време нарушени се односите во владината коалиција.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
