Средба на Пендаровски со поглавари и претставници на верските заедници

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Македонија.
– На средбата ќе присуствуваат поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, проповедник Михаил Цеков од Евангелско – методистичката црква и Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница во Република Македонија. На средбата ќе присуствува и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
