Јапонија воведува задолжителни проверки на психичката состојба на службениците
Во Јапонија од денеска се воведува задолжителна контрола на психичката состојба на службениците на работното место, која ќе важи за компаниите во кои работат над 50 лица.
Контролите се воведуваат поради зголемениот број на болести, предизвикани од стрес и психолошки пад.
За време на контролите вработените ќе треба да одговорат на прашања кои се однесуваат за атмосферата на работното место, односите во колективот, нивната лична психолошка и физичка состојба. Одговорите ќе се проверуваат од психолози, кои се должни да гарантираат дискреција и да не им ги откриваат резултатите на претпоставените. Тие ќе имаат право да му препорачаат на раководството да го префрли работникот на друга работа или да се скрати неговото работно време. Луѓето со психолошки проблеми ќе добијат и лекарска помош.
Во текот на минатата финансиска година во Јапонија околу 500 лица добиле по судски пат материјална отштета од своите работодавачи поради депресии и други нарушувања, поврзани со проблеми на работното место.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице