Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид одбележува 15-годишен јубилеј
![]()
Со пригодна свеченост денеска во Охрид беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Нуркачкиот центар „Амфора“.
Претседателот на Центарот, Јован Секулоски во ова прилика потсети на некои од активностите на клубот изминатите 15 години, бројни акции, еколошки активности, археолошки испитувања, проекти од најразличен вид, меѓу кои само од Охридското Езеро во рамки на три проекти се извадени околу 20 тони оружје и муниција.
– За нас како центар ова е посебен ден, оттаму што изминатите години многу енергија и напор сме вложиле во афирмација на нурањето како спорт во Македонија. Исходот е повеќе од очигледен, рече Секулоски.
Од основањето центарот има издадено 875 сертификати за нуркачи, почетнички и инструкторски курсеви, бројка што го отсликува професионалниот пристап на активностите на Центарот, кој покрај такви обуки за нуркање нуди и рекреативни нуркања во Охридското Езеро, како атрактивна туристичка понуда.
– Најпопуларни кај туристите се т.н. „Трајл скуба дајв“, едночасовно нуркање, но нудиме и специјализирани обуки за почетници и активни нуркачи, рече Секулоски.
Истовремено, Центарот соработува и со Армијата и МВР, со специјализирани обуки во посебни услови и строги правила.
Ново на Сител
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
