Во Дебар голем интерес за вакцина за сезонски грип
Во Дебар владее голем интерес за имунизација од сезонски грип што ја потврдува и бројката од околу 100 лица кои во изминатите два дена примиле вакцина.
Ова го потврдува епидемиологот Ментор Меља, раководител на дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје – Охрид, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.
– Почнавме со комерцијалната вакцина, која чини 650 денари. Располагаме со 250 вакцини. Идентичен број ќе има од бесплатните вакцини, со кои имунизација ќе почнеме од понеделник. Тие се наменети за лица постари од 65 години, хронични болни, деца до пет годишна возраст, исто така хронично болни, како и бремени жени, вели Меља.
Повеќето со кои разговаравме велат дека, редовно се вакцинираат против сезонски грип и многу полесно го минуваат зимскиот период.
Епидемиологот Мења посочува дека во просек секоја година во единицата вакцина против сезонски грип довиваат 500 лица, главно хронични болни.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o