Од денеска трошењата на државата на увид на јавноста, презентирана нова веб платформа

Трошењата на државните пари од денеска се на увид на јавноста. Преку веб платформата „Отворени финансии“ може да се погледнат сите плаќања на државните институции и примателите на средствата. Достапни се трошењата од 2010 година наваму, а во иднина ќе се објавуваат податоците на 15 дена.
Новата веб-платформа „Отворени финансии“ ја презентираа денеска премиерот Зоран Заев, министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.
-Денеска пред очите на јавноста ставаме финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции. Стандардите се поставени. Од денеска па натаму секогаш кое некое министерство, агенција или државна управа ќе извршат уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид секоја трансакција во сите државни институции за сите граѓани во државата, рече премиерот.
Тој оцени дека денеска е рпазник на транспареноста и отчетноста во Република Македонија.
-Тоа е така бидејќи после многу години обиди на граѓанскиот сектор во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од Буџетот на државата, изјави Заев.
Во првата фаза на платформата „Отворени финансии“ е планирано да се објавуваат трансакциите на буџетските институции на Централниот буџет, а тоа се институциите од Основниот буџет – министерствата, агенциите, управите итн, како и социјалните фондови.
Платформата е изработена од Министерството за финансии со поддршка од Меѓународниот републикански институт ИРИ и на УСАИД.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
