Руски новинари гаѓани со американски ракети

На Интернет се појави видео-снимка на која се гледа моментот на нападот врз колона автомобили, во која се наоѓале новинари на „Раша тудеј“, во близина на турско-сириската граница, а кој покажува дека врз нив е пукано од оружје од американско производство, пренесе Танјуг, повикувајќи се на „Спутник“.
Снимката со логотип на една од организациите на сириската опозиција, потврдува дека врз новинарите е пукано од тежок противтенковски комплекс БГМ-71 ТОВ од американско производство, кој е испорачан на антивладини организации во Сирија, потврдија аналитичарот за безбедност Шарл Шубриџ и поранешниот аналитичар во канцеларијата на американскиот секретар за одбрана Мајкл Малуф.
Покрај местото, од кое, се претпоставува дека почнала стрелбата, сириската војска пронашла стартен мотор, кој како што наведуваат експертите, е дел од овие гранати.
Во автомобилот биле новинарите на „Раша тудеј“ Саргон Кадаја и Роман Косарев, како и новинарот на агенцијата ТАСС Александер Јелистратов.
Новинарите изјавиле дека биле нападнати во вторникот во близина на градот Сама, кој се наоѓа под контрола на Фронтот Ал Нусра и други екстремистички групи.
Ново на Сител
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
-

Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
-

Се уште нема информации за Македонецот кој исчезна по пожарот во Кран Монтана | ВИДЕО
-

Во „БМВ x5“ превезувал 10 кг. кокаин, уапсен 26 годишник во Количани | ВИДЕО
-

Снимен моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана | ВИДЕО
-

Трамп: САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести
-

Пораст на водостојот на Вардар и неколку реки, езерата со стабилно ниво
-

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило
