Тркалезна маса „Предизвиците на младите новинари во ера на дезинформации“

Во организација на Младинскиот образовен форум и Радио МОФ денеска ќе се одржи Tркалезна маса на тема „Предизвиците на младите новинари во ера на дезинформации“ во рамки на Деновите на медиумска писменост, кампања организирана од Мрежата за медиумска писменост.
Говорници-воведничари во дискусијата, како што информираат организаторите, ќе бидат: Катарина Синадиновска, еден од основачите и претседател на Советот за етика во медиумите на Македонија, Сунаи Сабриоски, новинар во 24 Вести, Фуркан Салиу, новинар во Клан ТВ и претставник од Здружението на новинари на Македонија.
– Целта на настанот е да се споделат искуства и извлечат препораки и заклучоци, што ќе бидат споделени со образовни институции и новинарски здруженија. Преку дискусијата треба да се понудат и предлози за подигање на новинарските стандарди кај младите новинари и подобрување на медиумската состојба во земјата, се наведува во соопштението на организаторите.
Настанот е поддржан од National Endowment For Democracy (NED) и има за цел да поттикне активизам и социјална инклузија, истовремено нудејќи веродостојни информации и борејќи се против ширењето на дезинформации кај младите преку мултимедијалната платформа Радио МОФ (www.radiomof.mk).
Ново на Сител
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
