Средба на Мицкоски со Дорис Пак и Јоханес Реј
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска (31.10.2019) остварија средба со претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија, Дорис Пак и Јоханес Реј, директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, претстојните предвремени парламентарни избори и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Европската народна партија како и со Фондацијата Кондрад Аденауер.
Мицкоски истакна дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција, проблем за кој оваа власт не нуди решение. Напротив голем број високи партиски и државни функционери од актуелната власт на СДСМ се вмешани во корупциски скандали за кои до ден денес нема правен епилог . На овој начин власта ја загрозува македонската европска перспектива и дава аргумент повеќе на противниците на проширувањето на Европската Унија во Брисел.
На средбата се разговараше и за предвремените парламентарни избори во Македонија и размена на знаење и искуства на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата Конрад Аденауер во пресрет на истите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија стратешка цел и определба е членството во Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека одличната соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и сестринските партии од Европската народна партија како и со Фондацијата Конрад Аденауер и натаму треба да се продлабочува.
Ново на Сител
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово