ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со палењето на автомобилите во Штип показател на криминализираноста која СДСМ ја донесе во општеството

Случајот со палењето на автомобилите во Штип е показател криминализираноста која СДСМ ја донесе во општеството, исто како во мрачните денови на транзицијата. Денес на улиците владеат криминалците, а полицијата е нем посматрач на нивните активности поради близината на подземјето со власта. Ова е класичен пример за падот на СДСМ и очајот во кој тоне власта.
СДСМ со целиот апарат кој што го има под себе, полицијата, обвинителството, разузнавачките служби и дузина државни институции, крајно е срамно да се обидува да го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ за овој чин.
Ваквите обиди на СДСМ се класична клевета и лажна вест за да ја покријат целата своја неспособност.
Ако сака СДСМ да изигрува истражен орган во државата, тогаш виновниците за овој криминален чин треба да ги бара во врската на штипските социјалдемократи со криминалците од овој крај. Информациите кои кружат во јавноста во Штип говорат дека таму постои сериозна спрега во кои се вмешани високи партиски функционери и сериозни криминални групи, кои можеби не можеле да се спогодат во одредени бизнис релации.
Соработката на СДСМ со криминалци не е непозната. Постојат многу фотографии на осомничени дилери со дрога со партиски функционери, но и насилници, убијци, па се до јавната поддршка на Боки 13. Со тоа само се потврдува тезата дека СДСМ шурува со подземјето. Кога – тогаш фактурата од соработката со криминалците стигнува за наплата.
Повикуваме полицијата под раководство на Оливер Спасовски да се одважи и да го расветли случајот за палењето на автомобилите во Штип, но и за причинско последичните врски кои најверојатно стојат зад овој чин.
Ново на Сител
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
