Во Велес отворен 17 Меѓународен салон на стрип-„Велес 2019“

Стрип центарот на Македонија синоќа во ликовниот салон во Велес го отвори 17 Меѓународен салон на стрип –„Велес 2019“ на кој на 24 паноа се претставени 30 автори. Со една до шест страни по автор изложени се дела на слободна тема пристигнати на меѓународниот стрип конкурс. Изложени се и дела од Втората меѓународна стрип колонија која во Велес се одржа од 21 до 25 август на која учествуваа 16 автори од Финска, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и од нашата земја.
Како што информира за МИА, Ване Трајков претседател на СЦМ-Велес годинава на меѓународниот стрип конкурс пристигнале 175 стрип дела од цел свет.
Тој појасни дека ќе биле и повеќе да не била објавена веста дека годинава поради финансиски средства нема да се додели првата наградата Гран при вредна 200 евра, бидејќи подржувачите на манифестацијата Министерството за култура и Општина Велес ги намалиле средствата.
Трајков апелира до донаторите догодина да изнајдат начин и да го финансираат доделувањето на традиционалната првата награда Гран при со што ќе го задржат интересот на стрип авторите од цел свет да се пријавуваат на меѓународниот стрип конкурс.
-Тоа беше причина годинава да има помалку пристигнати дела за разлика од минатите години кога беа и над 300 стрип дела од цел свет, вклучувајќи ја и Австралија. Ние како организатори сепак сме задоволни од пристигнатите дела посебно од велешки стрип автори од сите генерации каде стрипот е се’ повеќе популарен. Поради тоа и ние како иницијатори за развивање на стрип културата во земјава сме посебно горди, истакна Трајков.
За разлика од изминатите години кога на отворањето на Меѓународниот салон на стрип беа врачувани сите награди, годинава наместо во Велес истите да ќе бидат врачени во Скопје, на 30 октомври во Домот на културата „Кочо Рацин“.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
