МВР и Општина Битола со нови сообраќајни решенија за поголема безбедност

Претставници на Министерството за внатрешни работи и на Општина Битола заеднички ќе изработат нови сообраќајни решенија за подобрување на сообраќајот на неколку локации во градот, со цел да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Ова е еден од заклучоците на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и биитослката градоначалничка Наташа Петровска, што се одржа во Битола.
На средбата била потенцирана добрата соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа.
![]()
– Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола е стабилна и евидентно е намалувањето на криминалитетот, што е тренд во последните неколку години. Од друга страна, расте откривачката дејност односно расчистувањето на кривичните дела. Намалување има и во делот на сообраќајни незгоди со потешки последици и тоа за 11 отсто кога ќе се споредат првите девет месеци од 2019 и 2018 година, а дури 55 отсто во бројката на загинати лица во сообраќајни несреќи. Новите сообраќајни решенија, особено на влезот на Битола и во близина на касарната, треба да донесат дополнително намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици, соопшти денеска МВР.
Министерот Спасовски и градоначалничката Петровска ја потенцирале важноста од соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа со цел да се подобри квалитетот на живеење, особено ако се има предвид дека целта на полицијата е да се етаблира како реален сервис на граѓаните и постојано зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.
![]()
Министерот Спасовски денеска го посетил и граничниот премин Меџитлија, каде со раководството на полициската станица разговарал за тековното работење во делот на граничната контрола и надзор, но и во делот на справувањето со обидите за илегално преминување на јужната граница. МВР во соработка со полициските службеници од пријателските држави, стои во соопштението, континуирано презема мерки за санкционирање на криумчарењето мигранти и спречување на обиди за илегално преминување на јужната граница и состојбата на оваа граница е стабилна.
Ново на Сител
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
-

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток
-

Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам
-

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ
-

Четиристотини загинати во ракетен напад врз болница во Кабул
