Петнаесет лица загинаа во падот на хеликоптерот во Сибир
Билансот на загинатите во падот на хеликоптерот Ми-8 на подрачјето на Краснојарската покраина во источен Сибир достигна 15 лица, додека десет се наоѓаат во болница на интензивна нега, сооппштија денеска локалните власти.
- Во хеликоптерот се наоѓаа вкупно 25 лица, од кои 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци загинале 15 лица, а десет се на интензивна нега, изјави портпаролката на локалниот државен обвинител, Оксана Горбунова, јави ТАСС.
Таа додаде дека телото на еден од загинатите се уште се извлекува од остатоците од леталото.
Хеликоптерот се урнал кусо по полетувањето, на тешко достапен терен околу десет километри од градот Игарка и тој е речиси целосно уништен.
- Леталото падна во реката Јенисеј и моментално се наоѓа на мразот, соопшти локалната полиција.
Повредените се евакуирани во болницата во Игарка, а до таму со специјални возила за снег ги префрлиле спасувачите и локалното население.
Ново на Сител
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата
-
Скопје 10-ти најзагаден град во светот и втор во Европа
-
Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
-
Дел Пјеро може да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига
-
Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус
-
Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство