Тајландски судија после пресуда го критикувал системот и си пукал во гради

Тајландски судија си пукал во гради во судница откако ослободил петмина муслимани осомничени за убиство и го критикувал правосудниот систем.Судијата Канакорн Пијанчана ги ослободил осомничените поради недостиг на докази.
По пресудата, тој изговорил заклетва, извадил пиштол и се застрелал во градите. Инцидентот се случил во петокот, а судијата преживеал и бил хоспитализиран.
Според Би-Би-Си, постои соопштение за кое се верува дека го напишал судијата и кое навестува дека тој се обидел да се самоубие поради наводно мешање во случајот.
Целиот инцидент бил пренесуван во живо преку Фејсбук, кој бил прекинат во еден момент а судијата рекол дека се потребни јасни и веродостојни докази за да се казни некој.
– Ако не си сигурен, не ги казнувај. Не велам дека петмината осомничени не сториле кривично дело, но правосудниот процес мора да биде транспарентен и кредибилен… казнувањето погрешни луѓе од нов прави жртвени јагниња, рекол судијата.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
