Се очекува за две години „Марковите Кули“ да бидат на постојаната листа на УНЕСКО

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја.
Според Бранко Ристески, директор на прилепскиот Институт за старословенска култура, организатор на конференцијата, која почна вчера, во соработка со локалната самоуправа, целта е да се дообјасни средновековниот Прилеп.
-Целта е да добиеме релевантни податоци во еден културен контекст што се нарекува централно-балкански простор во кој се одвиваат процесите на развој на средновековниот Прилеп, изјави Ристески.
Крајните цели го допираат прашањето за комплексот „Маркови Кули“ кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО. Ристески објаснува дека според текот на фазите, се очекува за година – две да се постигне посакуваното.
– Првата фаза е формално-правна. Во моментов се изработува стратегиска оценка за загрозеноста на подрачјето на „Марковите Кули“ и планот за управување. Краен рок за доставување, паралелно со Охридскиот регион, е до крајот на овој месец, а формално-правно до крајот на годинава ќе биде завршена првата фаза. Паралелно, тече процесот на реноминација, како единство на културни и природни содржини. Со тоа ги правиме првите чекори кон официјализација на процесот. Очекуваме за една до две години комплексот „Маркови Кули“ да биде позициониран на постојаната листа на УНЕСКО, објаснува Ристески.
Прилеп сака да се позиционира во научниот конгресен туризам со теми од културното наследство.
-Секако ги имаме Охрид, Крушево, но за ваквите научни теми, за историјата на културното наследство, Прилеп има добра перспектива. Индиректно, сакаме да развиеме и „туристичка експлоатација“ на овој простор, рече Ристески.
Учесниците денеска ја продолжуваат научната конференција со повеќе теми од доцно средновековниот период. Меѓу другите, ќе се најдат и темите за средновековни сведоштва за животот во Хераклеа, за средновековна Битола, како и за судбината на откриените антички градови во Македонија.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
