-->
-->
Културни активности во Делчево
-->

Започнуваат низата културни активности во организација на Националната установа – Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево. Активностите, како што информираше директор на установата Методи Толевски, започнуваат со филмска проекција на најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ (Honeyland), филм кој со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“.
- Вечерва со почеток од 19 часот ќе биде прикажан годинешниот македонски кандидат за „Оскар“, кој е е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди. Филмот „Медена земја“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Делчево, со почеток во 19 часот. Проекцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, а како дел од филмските проекции, во наредниот период, ќе бидат прикажани и неколку филмови за помладата популација, соопшти Толевски.
Тој додава дека се вршат и последните подготовки за фестивалот „Пијанечки бисери“.
- За овој фестивал во тек се аудициите, по што ќе се пристапи кон селекција на кандидатите, кои ќе настапат во рамки на двете полуфинални вечери. Најдобрите 8 композиции од тие вечери ќе бидат дел од финалето. Овој фестивал е еден од ретките детски фестивали кој се одржува на овие простори и има за цел, да ги открие младите музички таленти од Делчево и околината, изјави Толевски.
Активностите на полето на културата, Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево, ќе ги заокружи со организирање на Меѓународниот фестивал „Балкан без граници“, на кој традиционално учествуваат танцови групи и солисти од Македонија и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
