Чешка: Луѓето имаат право да користат оружје и за одбрана на државата

Додека Европската унија (ЕУ) се обидува да го ограничи поседувањето на огнено оружје на граѓаните, чешкото Министерство за внатрешни работи оди во спротивна насока, јави дописникот на МИА од Прага.
Според весникот „Право“, чешкото Министерство за внатрешни работи сака да им овозможи на граѓаните да можат да поседуваат оружје за бранење не само на нивното здравје и имот, туку и за одбрана на државата, кога постои опасност од терористи или душевно болни лица.
Затоа се подготвуваат предлог-измени на Уставот кои се однесуваат на безбедноста на државата.
- Целта на Предлог-законот е да се одговори на новите безбедносни закани, особено во однос на опасноста од акти на насилство, како на пример терористички напади, активни напаѓачи, како и други насилни хибридни закани, се посочува во образложението на Министерството.
Според нив, искуството на некои странски земји покажуваат дека присуството на вооружена јавност може да биде клучен фактор во такви ситуации.
Предлог-уставните измени предвидуваат право на чешките граѓани на поседување и носење на оружје и муниција, со цел да го заштитат својот живот и имот, а со тоа да придонесат за обезбедување на внатрешниот ред и безбедност и заштита на територијалниот интегритет, суверенитет и демократските основи на земјата.
За нивно донесување е потребно мнозинство во Парламентот и тоа на 120 члена од Долниот дом и 49 гласови од Горниот дом - Сенатот.
- Тоа е апсолутно логичен следен чекор во зголемувањето на одбраната на земјата. Јас сум многу задоволен од тоа, изјави за „Право“ претседателот на собраниската комисија за безбедност, Роман Вања.
- Фала му на Бога, реагира Јана Чернохова од опозициската Граѓанско демократска партија (ОДС) и додава:
- Мило ми е за тоа. Европската комисија ќе сака да не разоружа, добра идеја е да се подготви законска регулатива која ќе им овозможи на луѓето кои легално поседуваат оружје со согласност на државата, да можат да учествуваат во нејзината одбрана, како што е случај во Израел.
Според официјалните полициски статистики, во Чешка до почетокот на декември, се регистрирани 798.424 парчиња оружје во сите категории. Од овој број, 357.338 парчиња оружје е од Б категорија, со одобрение за користење за заштита на животот, здравјето или имотот. Тука највеќе спаѓаат пиштоли, револвери, а најмалку се работи за полуавтоматски пушки.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека заедничка карактеристика на повеќето терористички напади во европските земји е многу ниската предвидливост и фактот дека тие често беа насочени против така наречени меки цели кои не беа заштитени со некои специфична средства или безбедносни сили.
Ново на Сител
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
