Директорката на „Мајски цвет“ сама си го продолжила мандатот, четири години земала повеќе пари
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.Р.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавената, во својство на директор на детска градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16.01.2014, како што соопшти денеска МВР, со цел да си овозможи продолжувањето на извршувањето на функцијата директор, на 11.12.2013, самоволно и без основ, односно без одлука од Управниот одбор, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот.
На тој начин, продолжувајќи со извршување на функцијата, таа си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16.01.2014 до 07.08.2018. Во наведениот период таа се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари.
Ново на Сител
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
