Помпео на турнеја по Италија, Грција, Црна Гора и Република Северна Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео до 6 октомври ќе биде на турнеја по Европа, во чии рамки ќе ги посети Италија, Ватикан, Црна Гора, Република Северна Македонија и Грција.
Во делегацијата на Помпео е и заменик помошникот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, соопшти Стејт департментот.
Помпео, кој синоќа се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте, ќе го посети Ватикан каде ќе се сретне со папата Франциск и кардиналот Пјетро Паролин, додека во Рим ќе има средба и со претседателот Серџо Матарела, како и со министерот за надворешни работи Луиџи ди Маја.
Американскиот државен секретар во петок ќе престојува во Црна Гора каде се планирани одвоени средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, со премиерот Душко Марковиќ, како и со министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.
После тоа, Помпео ќе отпатува за Република Северна Македонија каде ќе разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и други владини претставници, а за време на обиколката на Охридско Езеро, предвидена е и посета на манастирскиот комплекс Перивлептос.
Помпео ја завршува својата европска турнеја во Грција каде треба да се сретне со премиерот Кирјакос Мицотакис и министрите за надворешни работи и одбрана.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
