Утре завршува блокадата на Ректорат на БУ, ќе се решава спорниот докторат на Синиша Мали
![]()
Претставниците на студентите од здружението „Еден од пет милиони“ соопштија попладнево дека утре на ректорката на Белградскиот универзитет (БУ), Иванка Поповиќ ќе и ги предадат клучевите на Ректоратот, откако таа го исполни договорот и го прецизираше 4 ноември како датум кога ќе се реши прашањето за контроверзниот докторат на министерот за финансии Синиша Мали.
– Денеска направивме еден многу важен чекор, остваривме една победа, ова е пред се и најголема победа за студентите кои 12 дена се во блокадата на Ректоратот и кои презедоа иницијатива да го решат овој проблем. Но ова е победа и за Универзитетот во Белград и за целата академска заедница – изјави студентката Мила Јовановиќ, која додаде дека БУ покажа дека е единствената слободна институција во Србија и дека е добиен конкретен датум со што веќе нема да се може да се одрекува одговорноста.
Поповиќ претходно денеска, по состанок со студентите, со соопштение, наведе дека сомнителноста на докторатот и бавноста во одлучувањето за валидноста на докторатот за министерот за финансии Синиша Мали го нарушиле угледот на БУ и затоа е во интерес на сите членови на академската заедница да се реши ова прашање што е можно поскоро.
По ова изјава на ректорката на БУ, реагираше претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој од ООН во Њујорк изјави дека ја „поддржува љубовта меѓу ректорката на БУ, Иванка Поповиќ и студентите од здружението „Еден од пет милиони“ што го блокираа ректоратот“, како и дека „е супер што Поповиќ 15 дена не влегла во нејзината канцеларија.“
Реагираше и претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас кој изјави дека е срамно што претседателот на една држава го „навредува“ ректорот на државниот универзитет и дека е „дополнително срамно“ тоа да го прави од зградата на Обединетите нации (ООН) во Њујорк.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
