Бесплатни алатки за помош на малите и средните фирми при воведување иновативни производи

Пет иновативни алатки со методологија и центар за извонредност им се на располагање на домашните мали и средни претпријатија како помош при воведување иновативни производи. Алатките се бесплатни и се достапни на веб страницата inoplatforma.eu. Подготвени се преку регионалната Иноплатформата со финансии од Европската унија, проект во којшто водечка улога имаше Центарот за знаење од државава.
– Истражувањето во рамки на проектот покажаа дека кај малите и средните претпријатија има недостатоци за бизнис моделирање, користење алатки за претставување и реализација на нивниот бизнис модел, визуелизација, во однос на тоа како е конципирана нивната компанија и што се може да стори на пазарот. Забележеваме и дека не успваат стратегијата лесно да ја преточат во проекти, додека самите проекти за иновативните производи и услуги се воведуваат архаично, без план, и многу често не резултираат во зголемени пазарни удели, продажба и профит. Од таа причина ги конципиравме алатките: Иномодел, Иностратегија, Инофинансии, Инопроект и Инопартнер, со цел да можат да им помогнат на малите и средни претпријатија успешно да воведуваат иновации, изјави Андијана Богдановска, проект менаџер на Иноплатформа.
Доколку има некој проблем или на малите и средните претпријатија им е потребна посложена поддршка можат да се обратат во центрите за извонредност каде може да консултираат експерт, а имаат ипрототипни студија со 3D печатари и скенери коишто можат да им дадат услуги во делот на првите прототипи за нивните производи.
Оливер Никушев од НСД солушнс, компанија за продажба и сервис на градежни машини информираше дека со помош на алатките успеале да добијат финансиска поддршка од Фондот за иновации.
– Од целосно услужна трговска компанија станавме услужна компанија, развивме модел на универзален нож за градежни машини и булдужери, за којшто претходно имаше увоз на многу различни типови. Направивме еден универзален тип којшто се произведува во државава, изјави Никушев.
Како што оцени Владимир Дуковски, професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, компаниите можат да имаат трајна корист од алатките, една од послабите точки е немањето искуство, а Фондот за иновации треба побргу и поефикасно да носи одлуки за финансиска поддршка на фирмите.
– Во сегашниот систем кога компаниите се директно префрлени на пазарет непостоењето искуство е една од послабите точки. Државата се обидува со Фондот за иновации и технолошки развој да помогне и треба да се признае дека таа помош навистина им помага како што е случајот со оваа компанија којашто доби финансиска поддршка, но нивниот процес е многу спор. Фондот одлучува со месеци, да не спомнам и со години и во тој период сепак ова се компании кои понекогаш преживуваат и тоа може да биде многу критично за нив. Моја сугестија е одлуките да се носат бргу и ефикасно за помош на компаниите, изјави професор Дуковски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
