Цвета црниот пазар на органи во Иран: Улиците околу болниците полни со огласи на продавачи
Се повеќе Иранци се принудени да ги продаваат своите органи за да преживеат среде сиромаштијата која владее поради долгогодишните економски санкции.
Според извештаите кои привлекоа големо медиумско внимание, во Техеран постои една учица која речиси целата е излепена со огласи во кои граѓаните на продажба ги нудат своите органи, а која стана позната како „улица на бубрези“.
Друго 26-годишно момче освен бубрег на продажба ја нуди и својата коскена срж, а како причина ја наведува сиромаштијата. Цената на бубрег на пазарот е 10.000 американски долари, додека цената на црн дроб се движи межу 15.000 и 50.000 долари.
Коскената срж се продава за 10.000 долари. Цените на органите варираат и зависат од староста на продавачот и тежината на здравствената состојба во која се наоѓа купувачот. Интересно е што одредени ирански политичари дадоа благослов за овој вид трговија, наведувајќи дека тие се решенија за луѓето што живеат во сиромаштија.
Голема трагедија
- Трагедијата во Иран, посебно меѓу младите, ги натера граѓаните да продаваат делови од своето тело за да преживеат и за ги исполнат своите основни потреби. Илјадници семејства во Иран се соочени со катастрофа. Ова е системски проблем, рече Шахин Гобади, портпарол на НЦРИ.
Еден од посредниците во трговијата кој сакаше да остане анонимен, изјави дека продавачите лесно ги наоѓал зошто улиците се препочни со огласи, додека од болницата, преку доверливи луше добил информации за пациенти на кои органите им се неопходни.
Ново на Сител
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск
-
Зеленски го отфрли планот на Трамп за Украина
-
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
-
Дисциплински мерки за двајца полицајци од „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Груби
-
Мицкоски од Брисел: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
-
Едно лице загина, а едно е хоспитализирано во пожар во куќа во Скопје
-
Димитриеска-Кочоска за цените на прехранбените производи: Одлуката е на Владата како колективно тело, а не поединец
-
Во Косово спречен шверц на стока од Северна Македонија вредна 30 илјади еврa