-->
-->
Трагедија: Загина познатиот српски рапер
-->
Српскиот рапер Далибор Андонов, познат под уметничкото име Гру, загина денеска во близина на Наутичкиот клуб „Земун“, откако при параглајдерство паднал во вода.Како што пренесуваат српските медиуми, тој загинал околу 15,30 часот, а од водата го извлекле неговите пријатели.
Веднаш била повиката медицинска помош, но лекарот констатирал смрт.
За српскиот Курир очевидци раскажаа за трагедијата тие велат дека телото на раперот го пренеле неговите пријатели со чамец.
- Тој беше на парагладерот со уште тројца другари кои го прателе со чамец додека летал, тие го извлекле од водата. Не знаеме каде настрадал но го однесоа до клубот бидејќи таму единствено може да пристигне Итната помош, раскажуваа очевидците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
