Отворен нов Кардиоваскуларен центар во ГОБ „8-ми септември“
Во Градската општа болница „8-ми Септември“ денеска е отворен модерен Кардиоваскуларен центар на површина од 700 квадратни метри, концепиран во согласност со стандардите на современата медицина. Центарот има на располагање три амбуланти, две ехо лаборатории, лабораторија за стрес тест, за ергоспирометрија, за холтер, дневна болница, сала за срцева катеризација, како и сала за вградување срцеви пејсмејкери.
– Секоја нова здравствена услуга која што ќе може да биде прв сервис на граѓаните ќе биде од помош за лечењето на болеста и за справувањето со итноста на потребата на кардиоваскуларната болест. Новиот кардиоваскуларен центар ќе ги надополни досегашните центри, а Градската болница го опслужува градот и целата држава, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на Кардиоваскуларниот центар.
Премиерот Заев информираше дека во моментно се распишани постапки за реновирање на скоро сите здравствени установи, како и постапки за опремување на 34 здравствени институции. Нагласи дека Владата и Министерството за здравство продолжуваат со мотивација на лекарите и здравствените работници преку зголемувањето на платите и оти целиот фокус е ставен на почетокот на изградбата на новиот клинички центар.
Според министерот за здравство Венко Филипче, новиот Центар за срце е значаен затоа што на едно место ги дава сите услуги во кардиологијата, односно на еден спрат се наоѓаат и амбулантите за дијагностика, превенција, салата за стентирање и болничкиот дел каде што пациентите ќе се хоспитализираат.
-Со ставање во функција на оваа сала за пациентите се удвојува капацитетот на оваа болница, кардиолизите ќе работат целосно изолирано од радиолозите со што се скратува времето на чекање, рече Филипче.
Директорот на ГОБ-ми Септември Христијан Костов потенцираше дека целта на Кардиоваскуларниот центар е да се превенира појавата на кардиоваскуларните заболувања.
-Тимот се состои од неинвазивни доктори и интервентни доктори. Неинвазивните доктори учествуват во точната и прецизната дијагноза на сите овие срцеви заболувања, детална анализа на крвните садови и детална анализа на срцевата реакција, а интервентните кардиолози учествуваат во згрижувањето акутните пациенти односно решавањето на срцевите проблеми преку коронографии и интревенции со поставување на стентови и пејсмеркери, истакна Костов.
Низ центарот дневно треба да поминуваат околу 200 пациенти, а интенцијата е да работи 24 часа со цел, како што рече Костов, да бидат згрижени сите акутни срцеви проблеми на пациенти кои ќе се јават во установата. Директорот информираше и дека центарот ќе овозможува развој на методи коишто не се секојдневни во нашите јавни здравствени установи.
Како што информираше министерот Филипче, 70-80 проценти од пациентите кои примаат биолошка терапија на клиниките во Скопје ќе ја добијат потребната терапија со нови молекули, пристигнува лекот спинраза за децата со спинална мускулна атрофија, а продолжуваат и вработувања, за што од почетокот на 2018 година се издадени близу 5.000 согласности.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа