Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Импресум
  • Маркетинг
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји

  • Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД

  • И ова сабота протести ширум Франција

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите...

    14.11.2026
  • Куба се подготвува за можна воена агресија,...

    14.11.2026
  • Зеленски: САД презентирале опција за повлекување...

    14.11.2026
  • Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип...

    14.11.2026
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати

  • САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји

  • Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД

  • И ова сабота протести ширум Франција

  • Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

  • Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово

  • Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури

  • Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2026 Сител Телевизија