Катица Јанева во вторник во 10:00 часот на распит пред Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ откако нејзиниот глас се слушна во објавените разговори меѓу Боки 13 и Орце Камчев.
Поканата која ја добила Јанева е за вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот "Поштенска банка" за кој според писмената изјава на Обвинителката Лиле Стефанова, требало да биде затворен по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева.
На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.
Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
