Во штипскиот ЗОО парк згрижени штрковите Силјан и Марко
– Штрковите Силјан и Марко, кои деновиве беа спасени од штипските пожарникари додека ги гаснеа стрништата во штипско-карбинскиот регион ќе останат во ЗОО паркот во Штип. Поради нивните повреди ќе мора да ја чекаат наредната сезона за преселба. Ветеринарен лекар од Ветеринарната станица во Штип денеска ги прегледа повредните штркови, кои се заштитени птици.
– Се работи за повеќекратна скршеница на екстремитетот во пределот на зглобот. Скршеницата е лоша, како и нејзината местоположба каде самото тело и врши притисок. Само доколку мирува, со оваа мобилизација, има шанси да се создаде калус за 21 ден. Претпоставувам дека ќе остане тука, вели ветеринарниот лекар Даниела Стојанова.
Директорот на јавното претпријатие „Исар“, Живко Тасев, вели дека место во ЗОО паркот за штрковите има и доколку повредите налагаат да останат овде, во тој случај ќе им се пружи целосната грижа.
Деновиве овие две птици се вистинска атракција за најмалите, кои секојднево ги посетуваат
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците

