СБ на ОН усвои резолуција за борба против ИД

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која на државите им се овозможува да ги преземат сите неопходни мерки во борба против Исламска држава.
Резолуцијата е усвоена едногласно, една недела по терористичките напади во Париз во кои загинаа 130, а беа повредени повеќе од 300 луѓе.
Предлог-резолуцијата е изготвена од Франција, а во текстот се апелира земјите-членки на ОН двојно да ги зголемат и координираат напорите за спречување на терористичките напади на Исламска држава и другите екстремистички групи поврзани со Ал Каеда.
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус го поздрави усвојувањето на резолуцијата истакнувајќи дека тоа ја покажува одлучноста на светот да се спротистави на џихадистите на ИД.
- Сега е важно сите земји на конкретен начин да се посветат на таа борба или низ воена акција, изнаоѓање на пчолитичко решенија или борба против финисирање на терористи, посочи Фабијус.
Резолуцијата не одобрува ниту има правна основа за воена акција и употреба на сила, но француските дипломати оценуваат дека таа ќе обезбеди значајна политичка поддршка за кампања против ИД.
Со резолуцијата најостро се осудуваат нападите во Париз и Бејрут, а се спомнува и насилството во Тунис, во Турција и Египет.
Ново на Сител
-

На Инфективна починал 69-годишен пациент поради компликации од грип
-

Во Србија разгледуваат скратување на училишниот час на 30 минути поради намалено внимание на децата
-

Холандија предупредува: Царините на Трамп за Гренланд би можеле да го распаднат НАТО
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
