Заврши заложничката криза во Бамако, пронајдени 18 тела
Заложничката криза во Бамако заврши и во хотелот „Радисон блу“ веќе нема заложници, соопшти министерот за базбедност на Мали, Салиф Траоре.
Западните медиуми соопштија дека за време на спасувачката акција пронајдени се 18 тела, пренесува Танјуг.
- Осумнаесет тела се пронајдени, изјавил неименуван извор од странска безбедносна служба, додавајќи дека француските специјални сили од Буркина Фасо биле во хотелот и учествувале во операцијата заедно со припадниците на безбедносните сили на Мали. Висок претставник на Обединетите нации, пак, соопшти дека има најмалку 27 загинати.
На конференцијата за печатот Траоре истакна дека напаѓачите веќе немаат заложници во свои раце и оти безбедносните сили на Мали се во процес на трагање по нив.
Извор од војската на Мали, за француските медиуми соопштил дека двајца напаѓачи се убиени.
Групата борци кои држеа околу 170 луѓе како заложници во „Радисон Блу“ во Бaмако се дел од екстремистичката група Ансар ал Дин, јави телевизијата „Ал Џезира“.
Ново на Сител
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево
-
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
-
Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
-
Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск, соопшти невладина организација
-
Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
-
Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност
-
Мицкоски: Груби заедно со стопанственик со дипломатско возило вчера ја напуштил Македонија и заминал во Косово